Thursday, November 29, 2012

вчера.. исто!

тој глас струеше низ мозочните келии. успеваше да ме разбуди и во најмамурните утра. сета настава гледана од различна призма.. на систем и општество. толку исто арогантно и вообразено... премногу бројки премалку значење, а некогаш беше занимлива барем на мене ми беше од поголем интерес. дали е до надлежниот? не верувам.. тоа сум јас, носител на промената на моите сфаќања, убеден дека секој ден сум подобар и го освојувам светот со моите идеи,искуства,дома и на улица. знаења на кои не им ја знам потребата, но пробувам да ја откријам и искористам. сега повторно надвор од школска клупа.. денот почна.. незнам дали ќе бидам тука...

No comments:

Post a Comment