Friday, November 30, 2012

принципи на суптилно конфузна свест

И осеќам како пак тонам во длабока меланхолија со приспивен призвук.. повлечен од цела популација, затворен во својот ум кои неможеше да се вклопи во сето случување.. сурово, оштетен за чувство.. потиштен од околностите... краток блесок на бесполезна идеја.. оскудна за другите, а нема задоволоство и кај мене.. пак се најде некој за утеха, неразбирлива.. но барем искрена.. би сакал да ценам, но ги потрошив силите обидувајќи се да докажам дека можам.. слабости на мојата суета.. тешки звуци ме допираат површно и матат мисли, зар не е апсурдно што неможев да бидам само јас.. каде би водело ова "самоуништување", немам енерија.. ги испив сите флуди да профункционирам и пак би било исто без никаков допринос од сите влијанија, притисоци, насмевка, а нема радост.. уфф зошто морам ?!

Aпокалиптичен Призрак..

Без чувство, ладно .. како ходник во напуштена зграда. Немав зошто, ја испуштив борбата, меморијален отпис, крај на болка.. душевен мир, психоделија - неистоветена со реална слика, трагање по непознато, бесцелно, "бесот е дар" неможам да го пренасочам и искористам, некреативно, апатично, сиво, "зарем цело време сум бил сам, јас и мојата совест, јас и мојата ебена совест, сам" и знаеш што следи, крај на агонија, одзив на рамнодушност, искрена доблест - не ја памтам, а нема причина, немам лице и визија, само стојам и нема да говорам, анти-депресивен свет, потсвесно лудило, хаос, мир за секој поет, солза на жива рана, крвари секој орган, безфункционално, рација на еквивалентност, а пак непроменета авантура на патење.. неќам да осеќам, ебете се сите, си одам од вашиот свет...

наспидан хаос.. остра дијагноза

Не сакав да слушам, безпрекорна лага.. утопија за глупи, ќе се разбудат ли.. не би знаел, мразејќи се околу себе, не ни пробав да допрам до нив, збир на оксиморони.. ад и небеса.. такаметера,... ебење во нездрав неразум, што би било да биде, празно ветување, фиктивен споразум, задоволување потсвест, психо-актива, немам муза.. имам само бош теми, ова не е граматички правилен склоп, вербуми без композиција, само празнење на душа.. од нечовек, бес за слепи, сетила без функција, и пак ништо, роб на чувста, сенс за груба емоција, пак се загубив себе, неможе! јас! повредено его, а мора егоизам.. живеј со себе, независна болка од дното на еуфорично безсознание.. насликано срање

сонце 6 еј ем..

зрак.. а утрото празно, но идилично застанав на прозор да гледам изгрејсонце.. со надеж за подобро утре.. палам цигара.. чекам.. нешто ќе се случи.. нешто требаше да се случи.. задлабочен во мислите.. заборавив кој сум и што всушност правам овде.. широката слика ја гледав само во своите хоризонти кои беа мали.. затворени..

оти бе.

поезија искажана од ендоскопија на умот сандак на мислата претопена од зборот визија за иднина без трошка срам за подбив бара хорот долно неточно бесцелно стои на ѕид разјадена од хипокритите на човечкото постоење таа бараше начин да ги спаси своите најубави години живот.. исцицани без трошка гордост со голема доза цинизам егоисти сите сте ми исти! викна.. а нема помош во сувата провалија наречена живот во која тонеме секојдневно нема надеж за човекот таа никогаш не ни била вистинска само мисла која е бутната и потисната врз основа на што.. ништо доста гледам во вас и вашата гнилост се надевам ќе ја носите до гроб.. со таквите не се раѓа ништо кое вреди да се спомне или издвои во нивните бесполезно ништожни животи смртта ме дочека на прагот а болката згасна спасот е во слободата која се раѓа единствено со прекинување на нашето постоење.. кое е имагинарно ! не пробај да го допреш пробај да го осетиш си се покорил и сега се ти се гади.. не мораш да џвакаш не јади само чади цела соба ко факел димна ама нема вистина каде е таа чистина се е без доблест мојот копнеж за вас недофатлив ќе остане... и не знам дали во вашиот свет може да опстане затоа бегам трчам со сите сили но немам каде затоа што робството ме вдоми да пропаѓам и тивно горам згаснувам со секој изгаснат фас.. немора да значи.. готово дека е!

Не си, си!

моја амбиција на глумење карактери од нечија фикција дистинкција на умови доловени од сенки под дното ноќни шетачи беа моите димови кои ги испуштав со голема тежина ја матеа субјективноста на мојот поглед.. кон се и незнам, а следеа многу зошто-а неодговорливи од ниеден ли овде а ни таму.. душите беа распарчени до последно чувство на постоење сонцето зајде одамна.. не исполнети пловевме по ѕвездите низ затворени решетки, петолиние, само за момент исчезнува кој е мојот избор и зошто да бирам walk with the shepard, or be the shepard..

Thursday, November 29, 2012

вчера.. исто!

тој глас струеше низ мозочните келии. успеваше да ме разбуди и во најмамурните утра. сета настава гледана од различна призма.. на систем и општество. толку исто арогантно и вообразено... премногу бројки премалку значење, а некогаш беше занимлива барем на мене ми беше од поголем интерес. дали е до надлежниот? не верувам.. тоа сум јас, носител на промената на моите сфаќања, убеден дека секој ден сум подобар и го освојувам светот со моите идеи,искуства,дома и на улица. знаења на кои не им ја знам потребата, но пробувам да ја откријам и искористам. сега повторно надвор од школска клупа.. денот почна.. незнам дали ќе бидам тука...