Friday, November 30, 2012
оти бе.
поезија искажана од ендоскопија на умот
сандак на мислата претопена од зборот
визија за иднина без трошка срам за подбив бара хорот
долно неточно бесцелно стои на ѕид
разјадена од хипокритите на човечкото постоење
таа бараше начин да ги спаси своите
најубави години живот.. исцицани
без трошка гордост со голема доза цинизам
егоисти сите сте ми исти! викна.. а нема помош во сувата провалија
наречена живот во која тонеме секојдневно
нема надеж за човекот таа никогаш не ни била вистинска
само мисла која е бутната и потисната врз основа на што.. ништо
доста гледам во вас и вашата гнилост се надевам ќе ја носите до гроб.. со таквите не се раѓа ништо кое вреди да се спомне или издвои во нивните бесполезно ништожни животи
смртта ме дочека на прагот а болката згасна
спасот е во слободата која се раѓа единствено со прекинување на нашето постоење.. кое е имагинарно ! не пробај да го допреш пробај да го осетиш си се покорил и сега се ти се гади.. не мораш да џвакаш не јади само чади цела соба ко факел димна ама нема вистина каде е таа чистина се е без доблест мојот копнеж за вас недофатлив ќе остане... и не знам дали во вашиот свет може да опстане затоа бегам трчам со сите сили но немам каде затоа што робството ме вдоми да пропаѓам и тивно горам згаснувам со секој изгаснат фас.. немора да значи.. готово дека е!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment